Бојата на звукот

Р. Македонија 2000 33 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Филмот е посветен на создавањето на дувачкиот инструмент – кавалот. Мајсторот на кавалот, Лиман Ферети, раскажува за занаетот кој го наследил од својот татко и го работи до денешните денови. Прикажан е целиот процес на изработка. Зијадин Исмаили – музиколог, раскажува за историјата и развојот на дувачките инструменти, флејтата и кавалот. Ѕани и Салај, најпознатите албански кавалџии, раскажуваат за нивните активности и зачувувањето на изворните вредности и тоналитетот на овој инструмент. Еран Франкел – етнолог, раскажува за првите впечатоци кога за прв пат го слушнал благозвучното свирење на кавалот. Научно нè информира за разликите и примената на кавалот во нашата земја.

Снимател Груби Атила
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.