Прилог 5 – ЧЕСТВУВАЊЕ НА ВОЈВОДАТА КРСТО ЛАЗАРОВ ВО ОРЛОВЕЦ, КУМАНОВСКО
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикер, за чествувањето на четириесегодишната револуционерна дејност на кумановскиот војвода на ТМОРО и ВМОРО, учесник во Илинденско-преображенското востание од 1903 година, Балканските војни, Првата и Втората светска војна, Крсто Лазаров (Крсто Лазаров Иванов – Крсто Кумановски или Крсто Коњушки, во 1945 година ликвидиран од комунистичката власт), во месноста Орловец, Кумановско, во 1942 година.
Репортажата е реализирана во месноста Орловец, на 8 km јужно од Куманово, на 15 септември 1942 година. Покрај гласот на нараторот, кој одвреме-навреме не се слуша заради оштетување на тонската шпалта, во оф-тон се слуша и класична музика инспирирана од воена и народна музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски