Прилог 6 – НАСТАП НА ИГРАОРНАТА ГРУПА НА РУСКА КОЛЕВА ОД СОФИЈА, ВО СКОПЈЕ
Репортажа со нарација во оф-тон, со делумно оштетена тонска шпалта, со текст што го чита спикер, реализирана во 1942 година, за настап на играорна група, како дел од работничката организација „Труд и радост“ од Софија, на плоштадот во Скопје. Речиси со сигурност може да се тврди дека играорниот ансамбл е групата за бугарски народни танци основана од примабалерината Руска Колева, која настапува како солист на ансамблот.
Репортажата е реализирана на плоштадот во Скопје, во 1942 година. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и традиционална музика отсвирена на народни инструменти: зурли и тапани и гајда.
Напишано од д-р Атанас Чупоски