Прилог 2 – ПАРАДА НА ЦЕНТРАЛНИОТ СКОПСКИ ПЛОШТАД „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“, ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА НАРОДНИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ („НАРОДНИТЕ БУДИТЕЛИ“)
Репортажа со нарација во оф-тон, со делумно оштетена тонска шпалта, со текст што го чита спикер, реализирана на 1 ноември 1942 година (ден кога Православната црква го чествува св. Јоан Рилски, заштитник на бугарскиот народ, а воедно и патрон на народните просветители), за парадата одржана на централниот скопски плоштад „Цар Борис Трети“ (денес плоштад „Македонија“), по повод празникот на народните просветители („народните будители“).
Репортажата е реализирана на плоштадот во Скопје, на 1 ноември 1942 година, по повод празникот на народните просветители. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветна класична музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски