Прилог 6 – АДОЛФ БЕКЕРЛЕ ВО СТРАЦИН И СКОПЈЕ
Репортажа со нарација во оф-тон, за посетата на германскиот амбасадор во Царството Бугарија, Адолф Бекерле, на с. Страцин, Кратовско и Скопје.
Репортажа е целосно реализирана во с. Страцин, Кратовско и Скопје, кон средината на април 1943 година и е посветена на посетата на германскиот амбасадор во Царството Бугарија, Адолф Бекерле, при што тој открива чешма-споменик во с. Страцин во чест на загинатите германски војници, ги поздравува присутните на скопскиот плоштад, положува венец со цвеќе на германските воени гробишта во Скопје и добива диполома и златна значка за почесно граѓанство на Скопје во Народниот театар. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слушаат и извиците „Ура!“ од страна на војската и граѓаните на плоштадот, како и соодветно оркестрирана воена и класична музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски