Бугарско дело – Кино преглед бр. 94/43

Бугарија 1943 2,12 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 3 – ЧЕСТВУВАЊЕ – ПАНИХИДА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО С. БАНИЦА
Репортажа во два дела, со нарација во оф-тон, за панихидата (речиси сигурно во Серез) и на гробот на Гоце Делчев во с. Баница, по повод четириесегодишнината од неговото загинување.
Репортажата е целосно реализирана во Серез и во с. Баница, Егејска Македонија, денеска во Република Грција, на 2 и на 3 мај 1943 година. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветно оркестрирана воена музика и класична музика инспирирана од црковна литургиска музика. Недостасува дел од тонската шпалта на самиот почеток на репортажата и оттаму не е соопштено името на градот каде што се одржува панихидата (но извесно е дека е Серез).

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.