Документарен филма за виолинистот Страшо Митановски. Со прикажување на стари фотографии и снимки, шетајќи низ градот, раскажува за своето детство во Скопје и кариерата како виолинист. Додека учел во ОУ„Ј.А.Коменски“, проф. Благој Цанев го избрал како талент по музика и кај него завршил нижо музичко училиште. Бил избран да глуми во краткометражниот филм на Душко Наумовски „Лифт горе, лифт долу“. Помеѓу љубовта кон филмот и музиката, се определил за музиката. Своето образование го продолжува во средното музичко училиште, кај проф. Лилјана Крстева а потоа на музичката академија во класата на проф. Зоран Димитровски. Од 1983 г. работи во Македонската филхармонија, а следната година станува член на Камерниот оркестар.