„Војната заврши“ е филм за војната, но без војна и филм за бегалци, но без бегалци. Филм за човечките драми поради миграцијата како резултат на распаѓањето на поранешната држава.
Во 1999 година, семејството Рахмани и нивните три деца за време на НАТО бомбардирањето во Србија – емигрираат во Швајцарија. По неколку години се соочуваат со депортација. Во својот очај, Расим, таткото на семејството, заедно со еден поранешен учител по музичко – организираат албанска група за танцување, со цел собирање на потписи од Заедницата за поддршка. Филмот претставува интимна приказна која го отсликува болното искуство на сите иселеници во ерата на глобализација. Може ли добриот човек да ги издржи притисоците на војната, егзилот и депортацијата? Ќе биде ли во можност повторно да го изгради својот живот – во странство?
Други соработници : директор на фотографија — Пјотр Јаха монтажа — Робин Ерард сценографија — Дејан Гошевски тон — Џеф Формоса, Мартин Ченбор, Новица Јанков