Говедар камен

Р. Македонија 2002 11 мин Колор Звук Етнолошки Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен етнолошки филм за култното место Говедар камен, кое се наоѓа на 40 км. од Скопје, во светиниколското село Пиширево. Овој камен за православниот празник Ѓурѓовден е посетен од луѓе од различна вероисповест. Тие извршуваат обреди со плетење на конци и колење на животни, најчесто јагниња. Обредите се наменети за оние што не можат да имаат деца. Даваат курбан и ја собираат крвта од животното со надеж дека ќе добијат наследници.
Говедар камен најчесто го посетуваат повозрасни луѓе и го извршуваат обредот за свои блиски. Некои луѓе носат мали деца и ги мачкаат со крвта од закланото животно.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.