Двојните цркви во кумановско

Р. Македонија 2018 15 мин Колор Звук Етнолошки Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен филм за црквите од поствизантискиот период (16-17 век), во кумановската област. Прикажани се црквите: „Св.Спас“ во с. Довезенце, „Св.Петка“ во с. Пезово, „Св.Параскева“ во с. Мургаш, „Св.Никола и Св.Ѓорѓи“ во Суви орах и „Св.Петка“ во Младо Нагоричани. Црквите припаѓаат на кумановско-осоговскиот регион на МПЦ. Во оф тон наратор зборува за местоположбата на црквите, за архитектурата, за живописите и иконите, кои се од особено значење. Мештаните зборуваат за настани и народни преданија поврзани со овие цркви.

2018, 26-ти ФАДФ „Камера 300“

Главен и одговорен уредник — Богдан Таневски Наратор — Драган Ивановски Музика — Македонски византиски хор „Хармосини“, ороводец Ристо Солунчев

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.