Филмот содржи многу архивски снимки и фотографии. Преку интервјуа со неколку поранешни ученици на Суреја Имаи, кои на многу живописен начин и со висок пиетет зборуваат за учителот Суреја, дознаваме и продираме длабоко не само во душата на интервјуираните. Во овие разговори дознаваме и за времето во кое образованието, со сета смисла на зборот, се поимало како мисија и просветителство. Документарниот филм носи специфичен и инвентивен наслов, а за децата на Суреја, се подразбира дека нивниот родител ги чувствувал како свои деца и учениците на кои им предавал и им го посветил целиот свој живот и енергија.
Напишано од Арсим Љесковица
Други соработници : Извршен продуцент — Горан Стојилковиќ Во играниот дел улогите ги толкуваат: Фисник Зеќири, Блерим Дардишта, Лејла Демири, Елона Халити, Висар Мехмеди, Флорент Халити
Филмот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.