Догони

Република Македонија 2002 25 мин Колор Звук патеписен Документарен филм Дигитална технологија

Документарниот филм во подробности нè запознава со племето Догони во Африка. Научно-истражувачката експедиција на Киро Урдин, пропратена со наратор во оф-тон на македонски јазик, Догоните ги прави да бидат најпроучен народ во Африка. Претходно, ваква експедиција направиле и Марсел Гриола, Гермен Дитерлен и Дениз Полм. Во дваесет и пет минути филмски материјал, преку вербална и визуелна експликација на маски, скулптури, игри и ора, дознаваме за духовниот и материјалниот свет на овој древен африкански народ.

Напишано од Арсим Љесковица

Други соработници : Камера: Анне Воутерс Тон: Беноа Хореманс Тонси соработник: Виктор Иванов Текстот го читаше: Јово Брамс Комјутерска анимација: Кети Петровска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.