Краток анимиран филм за едно дете кое секое лето оди на гости кај баба му и дедо му во едно планинско село. Детето додека е мало си игра во природата, ги гледа планините, цвеќињата и пеперутките. Ужива во прегратките на баба му и во звукот на кавалот, додека свири дедо му. Внукот и самиот се обидува да свири на кавал, но повеќе го користи кавалот како дурбин низ кој ја набљудува природата. Кога ќе порасне продолжува да ги посетува своите стари баба и дедо, но сега е со својот лап топ и слушалки на ушите. Не го слуша звукот на кавалот и не ја гледа убавата природа околу себе. Еден ден, седејќи во својот стан во градот, одмарајќи се од секојдневните обврски и гратскиот метеж, погледнува низ вистински дурбин и гледа во ѕидот на соседната зграда. Тогаш разбира што пропушта. Заминува кај баба му и дедо му и самиот го зема кавалот да засвири.
Други соработници : Извршен продуцент — Кети Јоанидис Шекеринова Креативен директор — Саша Станишиќ Концепт артист — Јасна Николовска Овчаровска Цртач на ликови — Јасна Николовска Овчаровска Цртач на позадина — Јасна Николовска Овчаровска Аниматор за 2 Д – дигитална анимација — Владимир Овчаровски Визуелни ефекти — Владимир Овчаровски Кавал — Драган Спасов Аранжман на музика — Коста Мичевски Студиско снимање на музика — Горан Спасевски Обработка на звук — Зоран Павлоски Специјални ефекти — Станислава Бергер Мичевска Асистент на продукција — Бошко Петров Ранер — Мирјана Моневска Возач — Емил Петруш Вокал за тонско снимање на амбиетални звуци — Ангелина Наумовска Изнајмување опрема за снимање — Teranet Solutions Благодарност до Media Tag продукција и Музичка група Калавела
Поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија