Како што минува времето

Р. Македонија 2007 12 мин Звук краток игран Аматерски филм Дигитална технологија

Филм за љубовта кон филмот, која спојува средовечен маж и жена. Маж седи на клупа и ја чита книгата „Историја на филмот“ од Георги Василевски. На друга клупа седи жена и заинтересирано гледа во мажот што чита. Двајцата се љубители на филмската уметност, одат на исти места во градот, најчесто во кино. Прикажани се инсерти од филмовите „Денови на искушение“ од Бранко Гапо и „Казабланка“ од Мајкл Куртиз.

2007, ОСФАФ – Интернационален филм фестивал, Награда за најдоба режија

Сторија на : Мице Чаповски Играа: Стефан Сидовски, Биљана Гиновска, Илија Ефтовски, Владо Дојчиновски и Елена Манајловска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.