Кокино

Република Северна Македонија 2018 45 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Филм за археолошкиот локалитет Кокино, одалечен 35 км. од Куманово, сместен на Врвот на Татиќев камен во село Старо Нагоричане. Мегалитската опсерваторија е откриена во 2001 година од Јовица Станковски, археолог кој го истражувал и промовирал Кокино. Опсерваторијата потекнува од раното бронзено време а се протега на површина од 5000 километри квадратни.  Во минатото била и светилиште, затоа се нарекува и Света Планина. На ова место, луѓе од непозната цивилизација извршувале обреди и разговарале со своите божества. При откривање на локалитетот се пронајдени бројни артефакти. Мегалитската опсерваторија служела како древен календар, низ камените процепи се следеле патот на ѕвездите и планетит и се мерело времето. Од Кокино, прецизно можат да се одредат зимската краткоденица, летната долгоденица и пролетната и есенската рамноденица.

Други соработници : Графички дизајн — Зоран Чаневски, Горан Чаневски Наратор — Владимир Митревски-Ѓуле Соработници — Јовица Станковски, проф.д-р Драги Митревски, проф. Олгица Kузмановска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.