Македонската „Миланска скала“

Р. Македонија 2003 35 мин Звук историски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарно-играна програма за храмот „Св.Пантелејмон“ во Велес, изграден од Андреја Дамјанов (го игра Јордан Витанов). По сите тешкотии кои ги поминале велешани, решиле да изградат црква, заштитник на градот. Во 1840 година изградена е црквата „Св.Пантелејмон“, осветена од владиката Игнатиј. Црквата е градена од прочуениот македонски неимар Андреј Дамјанов од с. Папрадиште. Претставува трокорабна базилика, обиколена со тремови. Карактеристичо за оваа црква е тоа што во неа се вградени илјадници стомни кои и даваат извонредна акустичност. Вистнската убавина на оваа црква се крие во нејзината внатрешност. Во градбата на црквата се среќаваат сите архитектонски концепти, комплетно внесени во форма на една нова црковна архитектура.

Наратори — Слободанка Чичевска, Ѓорѓи Бисерков-Дампе

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.