Марков бунар

Р. Македонија 2015 16 мин Колор Звук Етнолошки Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен филм за „Марков Бунар“, бунар со света вода кој се наоѓа во село Проевце, општина Куманово. Во филмот се прикажани обичаите и ритуалите кои ги изведуваат верниците за празникот посветен на Св. Марко. На местото каде порано се наоѓал бунарот, била изградена бензинска пумпа. Вработен на бензиската раскажува како се случувале несреќи откако бунарот бил затрупан. Затоа, по иницијатива на една жена која сонувала каде се наоѓа бунарот, бунарот повторно бил отворен. Денес доаѓаат голем број посетители, се замиваат со света вода и палат свеќи за здравје. За „Марковиот бунар“, зборуваат: Марјан Мишевски, Димитар Тасевски и Тројка Јанчевска.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.