Никогаш повеќе

Р. Македонија 2018 7 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен краткометражен филм за евреите од Битола, кои на 11 март 1943 година, биле депортирани во логори. Прикажани се стари фотографии и снимки на еврејски семејства кои живееле и работеле во Битола. Семејствата на: Франко Челебон, трговец за штофови и свила, депортирани во Треблинка, Хаим Абраванев, доктор педијатар и семејството Леви. Единствениот жив претставник од семејството Леви е Рашела, која доаѓа во Битола како учесник на „Интернационалниот марш на животот“ по повод одбележување на 75-годишнината на депортацијата на Евреите.

Ментор — Живко Јошевски
2018, 26-ти ФАДФ „Камера 300“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.