Планетариум

Р. Македонија 1997 68 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Документарниот филм „Планетариум“, за македонскиот сликар Киро Урдин, е првата слика во историјата на човештвото, на која е работена низ целиот свет во годините 1996-97. Преку сликите на Урдин се прикажани и најзначајните културни центри како: Гробот на Исус, Ѕидот на плачот, Њујорк, Берлинскиот ѕид, Нерези, Охрид, Брисел, Кноке-ле-Зуте, Бриж, Париз, Рим, Помпеја, Пиза, Суецки Канал, Лондон, Стоунхенџ, Атина, Сунион, Нил, Пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу, Куско, Бангкок, Пекинг (Забранет Град), Кинескиот Ѕид, Токио, Камакура, Мон Сен Мишел, Нуенен и Ајндховен. Во текот на многубројните кадри нè води и гласот на нараторот во оф-тон и нè запознава со животот и делото на големиот светски сликар Киро Урдин.

Напишано од Арсим Љесковица

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.