Репортажа за природните убавини на Македонија, специфичната архитектура, културно-историските споменици и фестивалите од областа на уметноста.
Прикажани се карактеристичните обележја на земјата. Во оф се слуша музика од „Леб и сол“.
Наратор на англиски јазик зборува за историјата на земјата, нејзините географски карактеристики, археолошки наоѓалишта, специфичната архитектура на градовите, религија, богатството на средновековните цркви и манастири. Приказ на културни манифестации Охридско лето и Струшки вечери на поезијата. Доделување на наградата „Златен лав“, на венецискиот филмски фестивал, на Милчо Манчевски за „Пред дождот“. Снимки од прогласување на независноста на Македонија од 8 септември 1991 год.
Забелешка:
Нема најавна и одјавна шпица