Документарниот филм е посветен на професорот по географија, виртуозот на хавајска гитара, а пред се, големиот алтруист и боем, Илија Џаџев. Во текот на својот живот, тој има одржано преку шест илјади бесплатни настапи и концерти. За неговата личност и хуманите особини и постапки, дознаваме и преку интервјуата со пријатели и роднини, но и архивски снимки, фотографии и глас на наратор во офф-тон. Целиот тек на нарацијата е придружен со милозвучниот звук на хавајска гитара, кој на документарната реализација ѝ дава посебна убавина и заводливост.
Напишано од Арсим Лесковица
Други соработници : Копродуцент — Сибел Абдиу Дизајн на звук — Слободан Трајкоски Директор на анимација — Крсте Господиновски Аниматор — Гоце Господиновски Истражувачи — Соња Настоска; Жарко Настоски Музика — Илија Џаџев Спикер (наратор во офф-тон) — Катерина Намичева
За Илија Џаџев зборуваат: Љубица Иковиќ; Софија Џаџева; Иван Бекјарев; Митко Мурџев; Димитар Мелков; Илхами Емин; Димитар Гаспар; Митко Хаџи Николов; Димитар Гиевски.
Филмот е подржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија