Русалиски обичаи во Гевгелиско

Р. Македонија 1957 21 мин Звук етнографски Документарен филм

Документарниот филм во детали го прикажува значењето на играта, ората и адетите во Гевгелискиот крај. Во тамошните села се силно зачувани ритуалите кои водат потекло од древниот пагански период со елементи од шаманизмот. Сите обичаи се поврзуваат со Русалиите, а самиот збор значи „Розалија“ од цвеќето роза, посветен на култот на мртвите. Документарниот филм би бил нејасен, во однос на местата и дешифрирање на обичаите без деталниот коментар на нараторот во оф-тон.

Напишано од Арсим Љесковица

Текст : Вера Кличкова Музика : изворна Учествува русалиската играорна дружина од село Миравци, Гевгелиско Танчар: Атанас Цуклев Гајдаџија: Спасо Стојанов
Музиката ја снимила на магнетофон и ја средила за филмот Вера Кличкова, снимено 1957 г.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.