Самовилска вода

Р. Македонија 2009 13,13 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен краткометражен филм за изворот „Самовилска вода“ во с.Зубовце, во близина на Куманово. Постои верување дека водата од овој извор е лековита и помага за разни болести. Легендата вели дека тука доаѓаат самовили и се капат во кладенецот. На дрвата по патот што води до изворот има обесено пантолони, маици, марами и други предмети што ги оставаат луѓето што доаѓаа тука. Луѓе сведочат како лековитата вода им помогнала и што треба да се направи кога ќе се дојде на изворот.

Наратор — Загорка Краљевска Производство — Картер Филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.