Средба со животот – Георги Константиновски

Р. Македонија 2005 33 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за архитект Георги Константиновски. Тој раскажува за своето рано детство во Битола и талентот за цртање од најрана возраст. Во 1949 година го примаат на Градежниот факултет во Скопје, архитектонски смер. Зборува за архитектурата во Скопје во времето додека студирал. Градот во тоа време бил од два архитектонски стила, барок и модерна архитектура. По земјотресот Скопје прераснува  во модерен град, под влијание на домашни и странски архитекти. Во 1965 година Георги заминува на доусовршување во Њујорк и е воодушевен од тамошната архитектура. Вторпат оди во Америка 1980 година на магистерски студии. По враќањето во Македонија прави архитектонски решенија за: Архивот на Македонија, Студенскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за печат во Приштина, Палата Унија во Скопје, Спомен музејот во Пелинце и многу други проекти во земјата и во странство. За своите проекти има добиено престижни награди. Автор е на неколку книги поврзани со архитектурата во Македонија: „Градителите во Македонија во XIX и XX век“, „Скопската генерација“, и работи на третата книга. Неостварена желба му е да проектира објект во вид на пирамида. Зборува и за своето семејство, сопругата и двата сина, кои исто така се архитекти.

Користени материјали од личната архива на Георги Константиновски.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.