Документарна програма за Томислав Маниќ-Манда, македонски музичар, доајен на македонската забавна музика. Тој зборува за своето рано детство во родниот Пирот. Потекнува од музикално семејство со седум деца, сите талентирани за пеење. Во Скопје доаѓа да студира и почнува да пее во Радио Скопје. Зборува за своите почетоци како музичар и соработката со своите колеги: Љупка Апостолова, Велко Трпчевски, Драган Ѓаконовски-Шпато, Драги Спасовски и др. Сите тие претставуваат темел на забавната музика во Македонија. Паралелно со музиката, Томислав Маниќ е професор по историја и целиот живот работи со деца. Тој се сеќава на првите свои настапи во „Соколана“ на игранки, првата негова песна „Носталгија“ и безвременските хитови „Црвени рози“ и „Кажи зошто ме остави“, како и плодната соработката со Масевски, Бранѓолица и Липша.