Тагата на мојот влашки народ

Р. Македонија 2005 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за гевгелиското село Ума, населено со Македонски Власи. Ванчо Николов, жител на селото, зборува за историјата и местоположбата на селото. Населението во Ума најчесто се занимава со одгледување кози, собирање и продавање на дрва, и производство на компири и пченка. Струма Петрова, пее влшки песни. Детално е прикажана и опишана селската трикорабната црква „Св.Пантелејмон“. Црквата е изградена во 19 век, на темелите на постара црква, а денес е возобновена. Фреските и иконите потекнуваат од 1862 година. Ѓорѓе Николов, зборува за училиштето во селото. Во поново време во селото се враќаат се повеќе жители, градат нови куќи или ги обновуваат старите. Еден од нив е Перо Јованов, кој секој слободен момент го поминува во селото, уживајќи во преубавата природа и клима.

Сценарио Аврамов Тони
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.