Театарот Скупи претставува едно од најзначајните понови археолошки откритија во Република Северна Македонија. Според многуте професори, археолози и кустоси кои се интервјуирани во овој документарен филм, театарот датира од времето на римскиот император Хадријан. Преку филмот ни е дадена можност да го проследиме процесот на неговата реконструкција и да имаме увид во работата на терен. Потоа, прикажани се детали од анализи во лаборатории и запознавање со археолошки артефакти, за кои говорат врвните познавачи на оваа област.
Напишано од Арсим Љесковица
Наратор — Благој Веселинов
Во филмот говорат: проф. д-р Антонио Јакимовски; Виктор Лилчиќ, Кустос/советник Ленче Јованова; м-р Ванчо Милошовски; проф. д-р Трајче Нацев, м-р Јелена Јариќ, проф. д-р Марија Ончевска Тодоровска. Во филмот се користени материјали од следните филмови: Кабириа, 1914. Џовани Пастроне. Филмски материјали од МРТВ, 2019 год.
Филмот е реализиран со средства од Филмскиот Фонд на Р. Македонија.