ПРИЛОГ 1 – ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА МАКЕДОНИЈА /
Целокупниот филмски прилог е посветен на достигнивањата од изградбата на градот Скопје, во првите години од повоениот период. Од Офицерскиот дом во почетниот кадар, камерата со движење од централното подрачје, го регистрира градот десно од брегот на реката Вардар. Потоа, во рамките на прилогот опфатени се кадри од: Железничката станица во Скопје, изградба на модерни станбени згради на некогашните исушени мочуришта, снабдување на граѓаните со потребни артикли во Народниот Магазин, од филигранско-кујунџиски занает во Сатарата скопска чаршија, Етнографскиот музеј, Медицинскиот факултет, Средното музичко училиште и првите книги печатени на македонски јазик, на издавачката куќа „Просветно дело“. Последниот кадар од записот е во среден план од некое народно училиште во Скопје.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска