Филмски новости бр.119/48

Југославија 1948 1,47 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – СО РИБАРИТЕ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО /
Во почетниот кадар, снимен од крајбрежјето кон Охридското Езеро, камерата швенкува по рибарите кои спростираат и подготвуваат мрежи за риболов. Тие во неколку групи на брегот ги прават плановите, а потоа со познатите охридски чунови, заминуваат на риболов. Чуновите се одалечуваат од брегот и рибарите ги фрлаат мрежите во водата. Потоа, неколку рибари од крајбрежјето ги извлекуваат мрежите со уловената риба. Во среден план прикажана е екипа од хидробиолшката станица која врши вештачко оплодување на риба во езерото. На крајот, богатиот улов се става во плетени кошници за транспорт до рибарниците.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.