Филмски новости бр.132/48

Југославија 1948 1,19 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ФАБРИКА ЗА ВАР КРАЈ ТИТОВ ВЕЛЕС /
Панорама на фабрика за вар, во велешкото предградие Превалец. На стрмниот дел од отворениот коп се врши експлоатација на варовна руда. Дупчење со пневматски дупчалки на мински дупнатини и товарање на парчиња руда во вагонетки. Поврзани со транспортни ленти на електричен погон, варовникот се носи до постројки за дробење и сепарирање. Во погонот за печење, за производство на вар со жарење, се користи цврсто гориво-јаглен. Опслужувач на печката рачно со лопата ја храни печката со јаглен за загревање на суровините. Испуштање на продуцираната вар во долниот дел на печката и складирање на готовиот производ.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.