Филмски новости бр.133/48

Југославија 1948 1 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – УДАРНИЦИТЕ – ИНИЦИЈАТОРИ НА НАТПРЕВАРИ /
Ударниците од колективот на тутунската станица во Струмица иницираат натпревар. Поканата за натпревар, до сите тутунски работници, ја упатува истакнатата ударничка Катерина Стерјова, на конференција на ударничкиот колектив во чест на V Конгрес на КПЈ. Во крупен план е прикажана ударничката Ленка Бабанова. Таа прва ја прифаќа поканата и дава обврска за првенство и надминување на нормата, поздравена од ударниците. Во наредната секвенца прикажан е натпреварувачкиот дел; од работниот процес во подготовка на тутунската суровина за фабрикација: чешлање на тутунот, разлистување и пакување во бали. Ударниците ја надминуваат нормата, а станицата го остварува полугодишниот план пред предвидениот рок.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.