Филмски новости бр.157/49

Југославија 1949 1,06 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ОБВРСКИТЕ ВО НОВАТА 1949 ГОДИНА /
Сочуван краток филмски запис од работата на автолимарското одделение во ФАС „11 октомври“ во Скопје. Вработените во одделението, со новите обврски во третата година од петтогодишниот план, работат интензивно во постигнување на подобри резултати. Камерата е активен посматрач на неколку автолимарски зафати и склопување на автобуси. Ангел Ристовски, механичар во лимарското одделение на автоработлницата, ја натфрла нормата за 145 проценти. По финалната фаза, прикажано е испишување натпис на каросеријата. Серија на завршени автобуси и тотал на еден автобус во движење.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.