Шопска свадба

Р. Македонија 2018 9,11 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен филм за селото Куклица и за манифестацијата „Шопска свадба“. Селото Куклица се наоѓа во близина на Кратово и е познато по локалитетот„Камени кукли“. На ова место, со вертикална ерозија на меките вулкански карпи, формирани се фигури што личат на луѓе. Легендите и народните преданија велат дека тоа се скаменети сватови. Овиие камени кукли се стари над 50 илјади години. На ова место се прават венчавки, со сите народни обичаи како некогаш. Шопската свадба привлекува внимание кај туристите и со внимание се следи. За ова зборуваат: Драги Митевски-председател на асоцијацијата „Ризница“, Илија Митевски –директор на музејот во Кратово, Стефче Доневски-хроничар од Кратово, Александар Петров-младоженец, Јацек Мултановски-амбасадор на Полска и Душанка Дивјак Томиќ-амбасадор на Србија.

Превод на англиски: Јелена Спасовска
2018, 26-ти ФАДФ „Камера 300“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.