Документарна емисија за одгледување на јапонско јаболко во Валандово. Валандово со својата клима одговара за производство на јапонско јаболко и на други егзотични растенија како: калинки, урми, маслинки, киви и сл. Најголем број на насалението во Валандово се занимава со земјоделство. Ванчо Тушевски е производител на јапонско јаболко од 1976 година. Тој има над сто садници и род до 25 тони годишно. Јаболкото е лесно за одгледување и профитабилно. Димче Балески, председател на здружението за производство на органско јапонско јаболко, зборува за тоа како се доаѓа до органски производ, без пестициди и вештачки ѓубрива. Името на јапонскот јаболко во оригинал е „каки“, што во превод значи „храна на боговите“. За неговите хранливи својста, витамини, минерали и олигоелементи, зборува д-р Бранислав Кнежевиќ.
сценарио — Бранислав Кнежевиќ