Поглед врз Македонија

Р. Македонија 60 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Репортажа за природните убавини на Македонија, специфичната архитектура, културно-историските споменици и фестивалите од областа на уметноста.
Прикажани се карактеристичните обележја на земјата. Во оф се слуша музика од „Леб и сол“.
Наратор на англиски јазик зборува за историјата на земјата, нејзините географски карактеристики, археолошки наоѓалишта, специфичната архитектура на градовите, религија, богатството на средновековните цркви и манастири. Приказ на културни манифестации Охридско лето и Струшки вечери на поезијата. Доделување на наградата „Златен лав“, на венецискиот филмски фестивал, на Милчо Манчевски за „Пред дождот“. Снимки од прогласување на независноста на Македонија од 8 септември 1991 год.

Забелешка:
Нема најавна и одјавна шпица

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.