Стефановски Илко

(Битола, 04.11.1952 – Битола, 06.12.2011) Македонски театарски и филмски актер, првенец на Битолскиот народен театар. Факултетот за драмски уметности го завршил во 1976 година во Скопје. Добитник е на голем број награди речиси на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Настапувал и во радио и ТВ драми, драмски серии и др. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија – „Охридско лето“, а учествувал и во проекти надвор од неговата матична сцена.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.